Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мисајловски: Среќен сум за автопатот Миладиновци - Штип

Мисајловски: Среќен сум за автопатот Миладиновци - Штип

Владо Мисајловски, поранешниот министер за транспорт и врски, во видео-разговор што го објави на својот профил на Фејсбук рече дека е среќен поради тоа што автопатската делница Миладиновци - Штип е пред пуштање во употреба.

- Тоа е еден од проектите кој го започна ВМРО-ПМНЕ, а го продолжи техничката влада. Многу сум среќен кога ќе се завршат вакви проекти и политиката не треба да се меша во нив. Тој автопат не е за ВМРО-ДПМНЕ, или за СДСМ, туку за граѓаните на Македонија. Во моментов актуелната власт привршува проекти кои во 99 отсто се започнати од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а многу малку започнува свои. Како и да е, јас сум многу среќен кога ќе се завши еден ваков проект, исто како што беше случајот и со автопатот Смоквица - Демир Капија - рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

За изградбата на новиот Клинички центар како капитална инвестиција Мисајловски рече дека новата Влада ќе се „заплетка“ во документацијата и „пак на крај ќе треба да го изгради ВМРО-ДПМНЕ“. За странските инвестиции наведе дека власта не може да донесе крупен гигант и дека не е координирана кога премиерот Зоран Заев вели дека ќе дојде „Фолсваген“, а вицепремиерот Кочо Анѓушев ја демантира гласината.

На прашаето дали неговата партија кога би се вратила на власт ќе се обиде да ги врати старите имиња што ги промени актуелната владеачка гарнитура, меѓу редови одговори дека тоа треба да се направи со оние институции кои го содржат префиксот „македонски“.

- Не знам што им пречи едно јавно претпријатие да се вика „Македонија пат“, или пак „Македонски шуми“. Некој изгледа се срами од овие имиња, или ветил нешто дополнително

Слично

Поврзани вести