Мисајловски: 430 милиони евра вложени во источната патна инфраструктура
„Источниот регион доживува градежна експанзија а ние како Влада во патната инфраструктура на овој регион вложивме 430 милиони евра“, истакна денеска министерот за за транспорт и врски Владо Мисајловски во Штип каде беше пуштен патот до штипското село Пухче во должина од 2,2 километри.
Оттаму, Мисајловски истакна дека за неколку месеци во целосна употреба треба да биде пуштен експресниот пат од Велес кон Штип.
Тој соопшти и дека во источниот дел на Македонија ќе се градат и два експресни патни правци и дека веќе се распишани тендери за изградба на експресни патишта од Штип до Радовиш и од Штип до Кочани.
го пуштија локалниот пат до штипското село Пухче во должина од 2,2 километри. Мисајловски истакна дека остануваат да се изградат уште еден километар, со што комплетно ќе биде изграден овој локален пат.
Тој истакна дека во источниот дел на Македонија ќе се градат и два експресни патни правци.
„Потпишавме договор и од Кочани до Делчево за реконструкција на 30 километри. Така да овој регион заслужува многу, а ние како Влада тоа го знаеме, истакна Мисајловски.
Како што информираше министерот за транспорт и врски, се завршени и преку 400 локални патишта, вклучувајќи го и локалниот пат кон штипското село Пухче, а инвестицијата е преку 65 милиони евра.
