МИРЈАНА ЛАЗАРОВА ТРАЈКОВСКА: Специјалниот обвинител треба да се избере од редот на обвинителството или судството!
Најдобро решение е ако специјалниот јавен обвинител биде личност од редот на јавното обвинителство или од судството. Таков профил на личност најбрзо ќе регрутира тим од еднакво квалитетни помошници околу себе. На таа институција ќе и треба сеопшта прифатеност и јавна поткрепа за да може да одговори на мандатот кој ќе го добие, вели во интервју за Фактор д-р Мирјана Лазарова-Трајковска. Судијата во Европскиот суд за човекови права посочува дека без законско дефинирање на надлежностите, стуктурираноста, неговата поставеност во однос на јавното обвинителство и на другите органи, специјалниот обвинител тешко дека ќе профункционира, додавајќи дека сигурно ќе треба да бидат спроведени измени не само во однос на законот за јавното обвинителство туку и во други закони. Македонското судство е тивко, скоро невидливо и затоа многу ранливо. Судството мора да биде видливо и препознаено, нагласува судијката во судот во Стразбур .
„Тоа предполага судии присутни во јавноста со добро образложени пресуди кои ќе водат сметка за стабилноста на судската пракса, но и судии кои активно ќе се вклучуват во расправите поврзани со конструктивни критики или предлози за промени во судскиот систем“ вели судијката во судот во Стразбур.
Д-р Лазарова-Трајковска која во 2002 беше претседател на ДИК им сугерира на партиите при договарањето на изборниот модел да ги имаат во предвид слобостите кои произлегуваат од пропорционалниот и од мнозонскиот избрен модел.
Судијата во Европскиот суд за човекови права за Фактор ги демантира информациите кои се појавија во јавноста дека и било нудено да биде премиер на идната Влада. Таа во разговорот за нашиот портал говори и за судските предмети за Јордан Митриновски, Трендафил Ивановски, Велија Рамковски.
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Како да се врати нарушениот дигнитет на најголем дел од македонските судии и да се департизира судството кое со години не може да се ослободи од политичките и бизнис стеги ?
Лазарова-Трајковска: Судиите мора да покажат дека имаат интелектуален капацитет да се изборат да го вратат дигнитетот и довербата во судството. Независно кој го предложил судијата, во кое време бил избран, судијата има траен мандат како гаранција за неговиот статус и има должност да ја сочува својата независност и непристрасност, бидејки тие се темелите на кои се гради интегритетот и дигниететот на судството.
Само независен и непристрасен судија ќе ги исполнува своите должности како судија во однос на граѓаните, но и ќе одолее на стегите од било каков вид. За да се дојде до тоа ниво, судството мора да биде видливо и препознаено. Тоа предполага судии присутни во јавноста со добро образложени пресуди кои ќе водат сметка за стабилноста на судската пракса, но и судии кои активно ќе се вклучуват во расправите поврзани со конструктивни критики или предлози за промени во судскиот систем. Нашето судство е тивко, скоро невидливо и затоа многу ранливо.
И покрај лавината од критики кои пристигаат преку извештаите на меѓународните организации, преку изјавите на политички партии, невладини организации, судството не се огласува на адекватен начен да го искаже својот став или да се огради од некои состојби кои се презентираат како генерална слика за целото судство. Знам дека судиите имаат што да кажат и сигурна сум дека не се сите ‘закрепостени’, но тие мора да комуницираат со јавноста и мора да работат на воведување форми на информирање за нивната работа и за состојбите во судството. Дијалогот со јавноста е важен за да судството се справува со предизвиците од политиката или бизнис притисоците во дадениот момент.
Фактор: Со изборот на специјален јавен обвинител кој е носечки столб од договорот во Пржино се поставува прашањето како треба да изгледа профилот на личноста која ќе треба да отвори истрага за случаиите „Прислушување“ и „Пуч’“ и дали таа треба да биде од обвинителската, адвокатската или можеби професорската фела?
Лазарова-Трајковска: Иако во овој момент фокусот на јавното внимание е кон тоа како ќе се уреди статусот на специјалниот јавен обвинител, според мене во исто време, еднакво важно е да се води сметка за профилот на институцијата, но и на личноста која ќе ја води таа институција. Имам почит кон професорската и кон адвокатската фела и не е грешно ако специјалниот обвинител се бара и меѓу луѓето од овој профил.
Сметам дека најдобро решение е ако специјалниот јавен обвинител се извлече од редот на јавното обвинителство или од судството. Не прифаќам искази дека сите судии и обвинители се подложни на влијанија. Јас знам дека меѓу луѓето во обвинителството има професионалци со интегритет кои со години вложувале, се граделе во професијата. Покрај тоа, таков профил на личност најбрзо ќе регрутира тим од еднакво квалитетни помошници околу себе. На таа институција ќе и треба сеопшта прифатеност и јавна поткрепа за да може да одговори на мандатот кој ќе го добие.
МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ДА ДОБИЕ ВИСТИНСКА НЕЗАВИСНОСТ
Фактор: Опозицијата се залага за нов закон, тим од соработници и посебен судски оддел, како гаранција за целосната независност на специјалниот обвинител, а владејачките партии, пак, се на став дека е доволно да се формира специјално одделение за ваков вид криминал во согласност со постојната законска регулатива. Што е потребно за тој да може да ја извршува работата без никакви надворешни влијанија ?
Лазарова-Трајковска: Посебните ситуации во даден момент носат потреба и од специјални решенија. Поводот за пристапување кон вакво решение е силно изразената недоверба во работата на јавниот обвинител и пасивниот однос во момент кога се очекувало реакција.
Специјалниот обвинител е нов пристап за кој се договориле потписниците на политичкиот договор, кој можеби ќе биде од привремен карактер, но мора да се постават цврсти столбови кои ќе ја гарантираат неговата самостојноста и независноста.
Правичното и правилното фукционирање на оваа институции мора да се има на ум. Без законско дефинирање на неговите надлежности, на стуктурираноста, на неговата поставеност во однос на јавното обвинителство и на другите органи ќе биде тешко да профункционира. Сигурно ќе треба измени не само во однос на законот за јавното обвинителство, но измени и дополнувања и во други закони кои ја уредуваат работата на други органи или во закони од процесна природа.
Фактор: Во 2002 година токму кога Вие бевте претседател на ДИК според многу параметри и оценки на меѓународниот фактор Македонија ги имала најдобро спроведените избори. Како до фер и слободни избори и кој според Вас изборен модел е најприфатлив за една земја како нашата чии демократски кацитети се се’ уште на завидно ниво?
Лазарова-Трајковска: Воведувањето на пропорционалниот модел во 2002 година, имаше за цел да ги надмине слабостите на мнозинскиот модел кој покажа дека малите политички партии не успеваат да го освојот политичкиот простор во Парламентот.
Во меѓувреме и оваа форма на пропорционалниот модел ги покажаа своите не малку на број слаби страни. Кога веќе ги имаме искуствата на двата модели, не зависно кој пример ќе го изберат, политичките елити мора да водат сметка да не се повторат слабостите кои предходните модели ги покажале во практикувањето.
При тоа мора да се има на ум дека Македонија е мултиетничка, мултикултурно општество во кое мора да се води сметка за афирмативната акција во однос на ранливи групи како што се жените, инвалидизираните и други групи и дека нивната вклученост во политичкото одлучување е повеќе од неопходна.
ПРЕСУДИТЕ ОД СТРАЗБУР ЗА МАКЕДОНИЈА УКАЖУВААТ НА СЛАБОСТИТЕ НА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ
Фактор: Бројот на тужби поднесени во Судот во Стразбур изнесуваат од 400 до 500 апликации на годишно ниво. Дали со воведување на Уставната тужба граѓаните условно би дошле многу побрзо до правдата, отколку да чекаат со години во Стразбур?
Лазарова-Трајковска: Уставната жалба или тужба е резултат на зголемената потребата од подобра заштита на човековите права. Во земји каде постојат уставни судови како во Република Македонија, уставната жалба се чини како најсоодветна форма брзо да се одговори на барањата за заштита на човековите права.
Почитувачите на идејата за внесување на целосна уставна жалба како правен лек во земјите каде постојат уставни судови, својата наклонетост кон овој систем ја базираат на можноста од сеопфатна заштита на уставните права; на улогата на Европскиот Суд за човекови права и пред се на настојувањата прашањата поврзани со заштитата на човековите права да се решаваат во државите.
И во Декларацијата од Интерлакен се инсистира дека најпрво државите членки на Конвенцијата мора да ја гарантираат примената и спроведувањето на Конвенцијата и да се заложат да обезбедат, ако е неопходно нови правни лекови, кои ќе обезбедат соодветен пристап кон секое лице кое има основано барање дека неговите права и слободи утврдени во Конвенцијата биле повредени.
Од друга страна, и статистиките на Судот покажуваат дека против земјите во кои постои уставна жалба, бројот на постапки пред Судот е значително помал, квалитетот на доставените жалби е далеку подобар и бројот на изречените повреди е помал во однос на земјите кои немаат таков правен лек. Уставната жалба се покажа како ефективна форма на правна заштита на човековите права во Германија, Шпанија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Турција итн.
Иако според Уставот од 1991 година, секое лице во Република Македонија има можност да покрене барање за заштита на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата; политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност, оваа рамка со три слободи и права е премногу тесна за да обезбеди целосна заштита на со Конвенцијата загарантирани права и слободи и јас имам големи симпатии за проширување на оваа форма на заштита кон сите права и слободи загарантирани со Уставот. Проширувањето на уставна жалба подразбира дека Уставниот суд мора да развие методи на работа на начин кој ќе обезбеди постапување по предметите во кратки рокови но и капацитети и стручна служба што ќе постапува ефкасно и нема да создава заостаток од предмети.
Фактор: Судот за човекови права неодамна ја казни Македонија со 4.000 евра одлучувајќи по жалбата на поранешниот претседател на Апелацискиот суд Скопје, Јордан Митриновски, за неговото разрешување од судиската функција во 2011 година. Стразбур ги прифати жалбите на поранешниот судија Трендафил Ивановски на одлуката за лустрација, на сопственикот на згаснатата А1 телевизија Велија Рамковски како и уште десетина други предмети ?
Лазарова-Трајковска: Главните пораки на Судот во пресудата која ја посочувате (за Јордан Митриновски ) и други над 110 пресуди кој Судот ги донесе за Република Македонија, имаат за цел да посочат каде се слабостите на законите или на практикувањето на законите и во кој аспект тие одстапуваат од стандардите на Конвенциското право. Во овој конкретен предмет се работи за проблематичен закон кој иако подоцна бил изменет во случајот на жалителот довел до повреда на принципот на правично судење.
При тоа, правичниот паричен надомест во оваа како и во најголем дел од пресудите на Европскиот суд за човекови права е само еден од елементите на изреката на пресудата кој има за цел да одговори на барањето на жалителите.
Другите пак два предметите кои ги посочувате (за Трендафил Ивановски и Велија Рамковски) и уште околу 180 жалби се во постапка пред Судот и се до нивното конечно завршување не би можело да се коментира нивнaта прифатливост или суштинските аспекти.
ЗАКОНОТ ЗА ЛУСТРАЦИЈА БЕШЕ КОНТРОВЕРЗЕН
Фактор: Како ја оценувате одлуката да се стави крај со процесот на лустрација. Парламентарното собрание на Советот на Европа повеќепати предупредуваше дека Законот за одредување дополнителен услов за вршителите на јавни функции е контроверзен и политизиран, а во последниот Европски извештај за Македонија беше забележано дека Уставниот суд одбил да расправа за контроверзната лустрација?
Лазарова-Трајковска: Ако еден закон е контроверзен и ако неговото практикување не ја постигнува целта за која бил наменет, бесмислено е неговото опстојување и природно е тој да биде отстранет од правниот поредок. Во овој случај сите предуслови беа исполнети да се прекине овој процес. Целта на лустрацијата како една од посебните мерка на процесот на транзициската правда е да обезбеди справување на општеството со неправдите кои биле направени од страна на одредени лица и да им се оневозможи на тие лица да учествуват во власта во едно демократско општество.
Правилното спроведување на оваа мерка има за цел да помогне граѓаните да ја спознаат правдата. Од друга страна, неправилното спроведување носи нови неправди, урива човечки судбини, ги изложува луѓето и нивните семејства на долгорочни последици по нивниот приватен живот. Затоа, и судската пракса на Судот во Стразбур во предметите поврзани со лустрацијата јасно посочува дека постапувањето во овие предмети мора да биде водено исклучително внимателно и со филигрантска прецизност.
Гаранциите на правата на лицата кои се предмет на процесот на лустрација мора да бидат обезбедени. Во нашиот случај, многу критики беа упатени во однос на Законот за лустрација, но уште повеќе за начинот како тој се практикуваше. Законот во различни верзии изменет и дополнет, неколку пати беше и пред Уставниот суд, а свое мислење даде и Венецијанската Комисија. Има неколку предмети кои произлегоа од овој процес кои се пред Европскиот суд за човекови права.
„НЕ СУМ ДОБИЛА КОНКРЕТНА ПОНУДА ЗА ПРЕМИЕР“
Фактор: Ви преостануваат уште две години до крајот на мандатот во Судот за човекови права. Вашето име се споменуваше како можен мандатар на идната Влада. Еден висок дипломат пред 13 години за Вас ќе рече цитирам „Вие ја спасивте демократијата во Македонија„. По 13 години повторно се наоѓаме на крстопат. Зошто сега да не се обидете да ја вратите Македонија на нормален колосек ?
Лазарова-Трајковска: Навистина, моето име во последните месеци беше споменувано во контекстот во кој вие посочувате, но освен споменувањето на името не сум имала никаков контакт со конкретна понуда. Од друга страна, во ниту еден момент од мојот професионален ангажман не сум престанала да работам на тоа Република Македонија да фати правилен колосек. Нешто од тоа е препознаено, а за некои работи треба време. Во врска со исказот на дипломатот, годеше да се слушне такво признание од дипломат од кариера. Бев во можност тогаш да бидам дел од едно ново придвижување во Република Македонија, но никогаш не ми падна на памет само на себе си да ја припишам заслугата за општопризнатите резултати. Кога ја организирам работата во институција во која работам, настојувам успехот да биде виден и препознаен како успех на тимот, на екипата која работи.

Слично