Мирисот на изгорено од пожарите во Македонија се чувствува во Софија
Ако мирисате изгорено во Софија, тоа е од пожарите во Република Северна Македонија. Ова го објави Националниот институт за метеорологија и хидрологија на Бугарија, пренесува БНТ.
Пожарите во околината на Пехчево и Делчево се закануваат да преминат на бугарската страна од границата. Засега информациите од Сандански и Благоевград велат дека нема опасност тие да ја минат границата.
„Сепак, насекаде има многу огнови што тлеат, кои поради ветрот остануваат многу опасни да не се запалат повторно“, пренесува БНТ.
Слично
