Мирен собир пред Влада, Новинарите го вратија венецот на Борјан
Група новинари револтирани и шокирани од вчерашниот настан кој го доживеа новинарот Борјан Јовановски денеска напладне излегоа на мирен протест да му дадат поддршка и ист таков венец положија пред Влада.
Билјана Секуловска од надлежните побара полициска заштита за нејзиниот колега, бидејќи како што вели, ова претставува атак за Јовановски и неговиот живот.
Таа пред медиумите изјави дека после смртта на Никола Младенов, ова е втора најстрашна закана која никако не смее да се премолчи.
Новинарскиот пленум од обвинителот побара реакција за овој настан, бидејќи доколу овој грозоморен чин може во следна прилика да биде посериозен во кој може да има ќртви.
„Тоа што го фраламе венецот пред Владата, не значи дека ние мислиме дека Владата го нарачала венецот, туку владата и институциите овозможиле амбиент во кој одредени луѓе се дрзнуваат да се закануваат по живот на новинари и на луѓе кои размислуваат различно, пишуваат критично. Многу пати досега на националните телевизии се повикувало на линч, но немаше реакција ниту од институциите, ниту од јавниот обвинител, рече Цветковска“.
„Овој чин го сфаќаме како мафијашка порака од фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари, што не очекува сите од ред ако и се спротивставуваме на власта!“, се наведува во соопштението на пленумот.
