Мирен протестот на ГДОМ, бараат Заев и Верушевски да одговараат
Пред штабот на СДСМ вечерва демонстрантите бараа Зоран Заев, претседателот на СДСМ и Зоран Верушевски, поранешниот разузнувач да не да бидат помилувани.
Александар Пандов од ГДОМ, кои се организатори на контра протестот вели дека Македонија е нападната од внатрешен непријател, платениците на Сорос и од странски служби.
„Оваа идеја е поддржана од СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев. Луѓето кои се најодговорни за оваа криза, за омаловажувањето на македонските институции и на сѐ што е македонско, од пред три дена се помилувани од претседателот Ѓорге Иванов. И вчера и денеска, собрани сме од цела Македонија и нашето незадоволство ќе го искажеме пред штабот на СДСМ. И вчера и денеска не фрливме ни еден камен, ниту пак предизвикавме неред“ - вели тој.
Додава дека се против сите оние кои сакаат да ги уриваат македонските институции. Од ГДОМ потсетија кои с енавреди ги упатиле Заев, Стево Пендаровски, Мирјана Најчевска кон македонскиот народ и држава.
