Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мирекс плус влегува во групацијата на МПМ

Мирекс плус влегува во групацијата на МПМ

Компанијата Мирекс плус од денеска е еден од сопствениците на Медиа Принт Македонија, медиумската групација во чиј состав се и треите најтиражни дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“.

Мирекс плус покрај компаниите Орка Холдинг АД и Интернет груп инвестмент, имаат еднаков удел, односно по 33,3% од сопственичката структура.

Од 1-ви јануари 2013 година за нов извршен директор на Медиа Принт Македонија ќе биде назначена Јана Станисављева, досегашен  маркетинг директор на Медиа Принт Македонија.

Покрај трите дневни весници „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“, дел од медиумската групација се и единствениот дневен весник за спорт во Македонија „Македонски спорт“, неделникот „Теа Модерна“, двонеделното списание за автомобилизам „ГТА“ како и печатницата „Графички центар Скопје“

Слично

Поврзани вести