Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мирана го презеде Био Космос, ќе се збогати понудата

Мирана го презеде Био Космос, ќе се збогати понудата

Македонската прехранбена индустрија бележи прво поголемо преземање во последно време откако брендот Мирана донесе одлука да го презеде брендот Био Космос.

- Македонската реномирана компанија за прехранбени производи Мирана е нов сопственик на Био Kосмос. Во следниот период, Био Kосмос, како компанија – ќерка на Мирана ќе ја продолжи и надгради успешната приказна преку проширување на асортиманот на производи, воведување нови стандарди и свежина во самата компанија, подобрување на дистрибутивната мрежа, следење и водење на трендот на здрава, природна и органска храна, соопштија од Био Космос. 

Мирана е формирана во 1999 година и нуди голем асортиман на прехранбени производи како маргарини, сосови и мајонези. Био Космос, пак досега се истакна со понудата на здрава храна како мусли, снегулки, тестенини, органски брашна, макробиотика и многу други производи.

- Јасната визија и мисија на новиот менаџмент ќе го зајакне брендот Био Kосмос, а со своето искуство и знаење ќе придонесе кон понатамошно успешно позиционирање на Биокосмос на пазарот, велат од Био Космос.

Од спојувањето на двата бренда се очекува понатамошен развој како и нови понуди за купувачите во Македонија.


Слично

Поврзани вести