Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мира Марковиќ погребана: Еве каде ќе почива сопругата на Милошевиќ

Мира Марковиќ погребана: Еве каде ќе почива сопругата на Милошевиќ

Урната со посмртни останки на Мирјана Марковиќ е положена вчера во заедничката гробница покрај сопругот Слободан Милошевиќ, некогашен претседател на Србија и СР Југославија, во дворот на семејната куќа во Пожарецац, пренесуваат српските медиуми.

На положувањето не присуствувал никој од потесното семејство-синот Марко, ќерката Марија, внукот Марко ...

Говор одржал Милован Бојиќ, директор на КБС Дедиње, кој изразил уверување дека судот на историјата ќе ги симне клеветите и лагите од нејзиното име но и нејзината пепел.

Беше чест да се живее со жена која имала убедување , што денес е многу ретко рекол тој.

Меѓудругото прочитано е и писмо од нејзната ќерка во кое се простува од мајката „драга партизанка“ и се наведува дека и е драго што таа не можела да прочита се што пишувало во медиумите на денот кога починала.


фото:  Tanjug

Слично

Поврзани вести