Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Спасов во посета на децата кои одмараат во „Мајски цвет“

Министерот Спасов во посета на децата кои одмараат во „Мајски цвет“

Денеска Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги посети децата од ранилва категорија кои се на летување во Детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга.

Децата летуваат бесплатно како дел од владината мерка која се спроведува преку ресорното министерство за одмор и рекреација а одморот го користат деца од семјства со социјален ризик, како и корисници на посебен додаток.

- За позитивноста на проектот говорат и родителите и децата, бидејќи сите што немаат доволно средства да ги испратат своите дечиња на одмор преку овој проект го овозможуваме тоа. Станува збор за проект со кој се опфатени околу 2.000 деца од социјален ризик и примателите на социјална парична помош, деца со пречки во развојот и деца без родители и родителска грижа, рече министерот Диме Спасов при денешната посета на Струга.

За децата се грижат волонтерите на Црвениот крст.

Во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга децата имаат посебна програма која се состои во одмор и рекерација, но и посети на тетатар, истакна директорот на „Мајски цвет“ Јован Паскоски:

- На плажата има професори кои ги учат децата да пливаат. Покрај летувањето ќе имаат можност да научат да пливаат, појаснува директорот Паскоски.

Оваа година во струшкото одмаралиште претсојуваат 680 деца, а планирани се уште пет смени со 1.070 дечиња.

Слично

Поврзани вести