Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миновски за Фактор: Не сум дел од проектот на Битиќи

Миновски за Фактор: Не сум дел од проектот на Битиќи

Кирил Миновски поранешниот министер за финансии во Владата на ВМРО-ДПМНЕ за Фактор попладнево изјави дека не е дел од Иницијативата „За татковината со љубов“ на вицепремиерот Фатмир Битиќи. На нашето прашање зошто тогаш присуствувал на првиот состанок тој вели:

Не можам да коментирам ништо друго освен дека не сум дел од тоа, рече Миновски.

Иницијативата „За татковината со љубов“ е идеја на Битиќи. За партиципирањето на Миновски и на Владимир Пешевски во емисијата Топ тема вчера Битиќи не потврди директно, но на конкретното прашање тој одговори дека секој што ја сака татковината е дел од тимот.

„Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината“, рече Битиќи, со што на некаков начин ја потврди информацијата.

Владимир Пешевски не успеавме да го добиеме на телефон.

Откако се крена јавноста, Битиќи ја објави листата на членови на ова тело, но на неа не се најдоа Миновски и Пешевски. Зошто се изземени и дали воопшто биле на состанокот не се соопштува официјално.

Еве кои ги објави Битиќи.

Вели дека ова е неформално тело, платформа за дискусија со луѓе кои можат да дадат мислење, совет или експертиза за да се дојде до поквалитетни предлози и политики. 

„Тие не се професионално ангажирани како советници во мојот кабинет или во Владата, ниту нивните мислења се обврзувачки за Владата ниту пак ќе примаат каков било надомест, вели Битиќи.

А.Т.

Слично

Поврзани вести