„Се работи за нов закон со кој што основната цел на истиот е отпишувањето на каматите на граѓаните кои се во неповолна ситуација како должници по основ на услуги од вршители на комунални дејности како што се електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет, телефонија, мобилни оператори, трошоци за редовно одржување на заеднички делови на зграда што се во етажна сопственост и за услуги кои се дават на корисници на вода од страна на вршителот на водостопанска дејност односно наводнување и одводнување. Согласно законските решенија за долгови стари и по една деценија, за кои граѓаните воопшто не знаеле, сега се наплатуваат десеткратно повисоки суми од страна на извршителите", се вели во соопштението на Минов и парламентарното мнозинство.
„И да сакале да си ја исполнат обврската, не биле известени, а од друга страна што е многу позначајно, граѓаните биле ставани во неповолна позиција да им тече камата без нивна вина", додава Минов.
Според соопштението, Предлог законот се поднесува поради тоа што Минов и парламентарното мнозинство сметаат дека ова законско решение ќе ги реши проблемите на илјадници граѓани кои што се соочуваат со ваков тип на долгови.
