Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миноски вели кризата влијае на економијата, за СДСМ тој е соучесник во задолжувањето

Миноски вели кризата влијае на економијата, за СДСМ тој е соучесник во задолжувањето

Политичката криза, и покрај здраво поставените економски политики, почна да покажува ефекти врз економијата, вели во интервју за МИА министерот за финансии, Кирил Миноски.

Вели дека цел на фискалната политика е да се обезбеди ликвидност на приватниот сектор преку редовна исплата на платите, пензиите, субвенциите, социјалната помош, како и задржување на соодветно ниво на капитални расходи за да се поддржи економскиот раст. Миноски додава дека ребаланс на буџетот ќе биде одговор на ефектите од политичката криза, односно реакција на успорување на растот преку поддршка на приватната потрошувачка и јавните инвестиции.

„Капиталните инвестиции остануваат на високо ниво, повисоко од минатата година. Продолжуваме со спроведување на крупните инфраструктурни проекти. Продолжуваме со изградба на автопатишта, на регионални патишта, локални патишта, со реконструкција на железницата, со изградба на училишта, болници. Согласно веќе воспоставената практика, како и секоја година и оваа ќе се реализираат најавените покачувања на социјалната помош во јули и пензиите во септември“ – вели Миноски.

Од СДСМ велат дека Миноски кој што ја наследи фотелјата на Ставрески очигледно не добил конкретно упатство за работа од заминатиот министер. Сметаат дека на Миноски очигледно не му е доволно јасно што е долг, а што е капитал.

„Очигледно Кирил Миноски уште не ја отворил web страницата на Министерството за финансии за да види дека капиталните инвестиции се пониски од претходната година за цели 20 милиони евра и нивната реализација изнесува само 16.5% од планираните за цела година. Со ова Кирил Миноски станува директен соучесник којшто заедно со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески учествува во неконторлираното задолжување на државата бидејќи очигледно и тој продожува слепо да ги следи наредбите на нивниот заеднички наредбодавател Никола Груевски“ -реагираат од СДСМ.

Промашените економски политики на Груевски ја втурнаа Македонија на дното во регионот по странски директни инвестиции, додаваат од СДСМ.

Слично

Поврзани вести