Економија, финансии, бизнис

Контакт

Миноски: Фокусот го ставаме на креирање на нови работни места

Миноски: Фокусот го ставаме на креирање на нови работни места

Главниот фокус го ставаме на економскиот развој, на креирањето на нови работни места, на потикнувањето на инвестициите и тоа како на странските, така и на домашните инвестиции, изјави Кирил Миноски од ВМРО-ДПМНЕ пред гостиварчани. 

Вели дека во програмата предвидуваат мерки за подобрување на стандардот и животот на граѓаните. 

„Подобрување на деловното опкружување, меѓутоа исто така и на преземање на низа други мерки, преку кои што ќе се поттикне развојот на малите и средните претпријатија, ќе се поттикне развојот на иновациите кај малите и среди претпријатија, меѓутоа исто так ќе се преземат и низа чекори и структурни реформи со кои што се има за цел да се поттикне економскиот раст и да се искреираат повеќе работни места“ - вели Миноски.

Им соопшти на граѓаните дека продолжуваат и мерките за помош на земјоделците.

Целта е земјоделците да имаат поголеми приноси, да се зголеми економскиот раст, рече тој. 


Слично

Поврзани вести