Миноски: Буџетската каса е ликвидна, а на депозитната сметка има доволно пари
Буџетската каса е ликвидна, а на депозитната сметка има доволно пари за нормално функционирање, изјави министерот за финансии, Кирил Миновски, за ликвидноста на Буџетот.
Ланската еврообврзница не е потрошена и може да се троши годинава, додава тој.
„Ланската година ја завршивме успешно што се гледа и од намалениот дефицит на 2,7%, значи имавме заштеди и не ги потрошивме парите од еврообврзницата која ја зедовме лани со намена за потребите на буџетот во 2016 и 2017 година. Непотрошените пари се префрлени за годинава и можат да се трошат“- изјави Миновски.
Тој не кажа дали во екот на засилена исплата на долговите кон компаниите и граѓаните се користат парите од еврообврзницата.
Миноски додаде дека до петокот се исплатени 32 милиони евра за субвенциите на земјоделците.
