Минстрој и Енекод го туркаат Фени во ликвидација
Бугарската
компанија Енекод и фирмата Минстрој преку правниот застапник Бранко Колев
побарале ликвидација за кавадаречки Фени на денешното Собрание на доверители. Барале
комбинатот за фероникел да престане со работа наместо да се поддржи и прифати
планот за реорганизација на Фени индустри кој веќе го достави ГСОЛ Еуроникел.
Залагањата на Колев, како што тврдат од ГСОЛ, го попречуваат спасот на кавадаречката компанија и водат кон уништување на Фени. Ако кобинатот се затвори, 800 луѓе ќе останат без работа.
Инаку додека трае рочиштето пред велешкиот суд протестираат шеесетина вработени во комбинатот. Тие веќе неколкупати повторија дека бараат планот на Минстрој да се отфрли и Фени да излезе од стечај. За ситуацијата пратија писмо и до градоначаникот на Кавадарци.
ГСОЛ достави план за реорганизација, а во меѓувреме комбинатот работи и вработените земаат редовна плата.
