Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министрите за финансии од еврозоната на вонредна средба поради Грција

Министрите за финансии од еврозоната на вонредна средба поради Грција

Министрите за финансии од еврозоната ќе одржат денеска вонредна конференција за дискутирање на предлогот во последната минута на Атина, неколку часа пред истекот на оваа спасувачка програма за земјата, соопшти претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум.

„Вонредна телеконференција на Еврогрупата е вечерва во 19 часот по бриселско време за дискутирање на официјалното барање на грчката влада, добиено ова попладне“, соопштил холандскиот министер за финансии Деиселблум на „Twitter“.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас побарал двегодишен договор со ЕУ за спасување на земјата неколку часа пред истекот на оваа меѓународна спасувачка програма.

Слично

Поврзани вести