Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министрите за финансии на Грција и Германија несложни и без договор

Министрите за финансии на Грција и Германија несложни и без договор

Министрите за финансии на Грција и Германија денеска не успеаја да се усогласат ни во тоа дека не се согласни по прашањето на реструктуирање на грчкиот јавен долг и отпис на истиот.

Германскиот министер Волфганг Шојбле после разговорот со грчкиот колега во Берлин изјавил дека тие двајцата имаат различни ставови, но дека се согласни и дека не се сложуваат во тоа дека во моментот е вистинско време за отпис на делот на грчкиот долг.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, меѓутоа, навел дека „не се согласни дури ни во тоа дека не се согласуваат“, додавајќи дека не разговарале за роковите за отплата на грчкиот долг, ниту за евентуално намалување на долгот, туку само за предлог програм за надминување кој би траел до мај.

Слично

Поврзани вести