Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министрите за финансии на ЕУ децидни – Apple мора да плати казна

Министрите за финансии на ЕУ децидни – Apple мора да плати казна
За време на Самитот на министрите за финансии на ЕУ кој се одржува во Братислава е донесен едногласен заклучок дека американскиот гигант Apple мора да ја плати казната изречена од Европската комисија и да ги плати простените даноци во Република Ирска за последните 20 години. Според одлуката Apple е должен 13 милијарди евра во даночни олеснувања кои се нелегални бидејќи Република Ирска е членка и на ЕУ и немала право да води ваква даночна политика. Со заостанатите казни сумата може да достигне 19 милијарди евра. Тим Кук, челникот на Apple, посочи дека одлуката е политичка и не е во склад со меѓународните даночни закони. Од друга страна пак министрите за финансии од Европа сметаат дека таквиот изговор е невалиден бидејќи повикувањето на дупки во меѓународните закони е застарена политика.
Слично

Поврзани вести