МИНИСТРИТЕ НА ЕУ ПОСТИГНАА СОГЛАСНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ ГАС - сакаат сигурност за следната зима која може да биде дури и покритична од оваа
Министрите за енергетика на Европската унија вчера постигнаа генерален договор земјите да почнат заедно да купуваат гас пред следното лето, како и дека е потребна алтернативна референтна цена на гасот, изјави чешкиот министер за индустрија Јозеф Сикела.
Сикела рече дека состанокот на министрите во Прага помогнал да се надминат разликите меѓу земјите-членки на ЕУ, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека министрите за енергетика на ЕУ сакаат заедничката набавка на гас да започне пред следната зима.
- Сакаме да ги забрзаме заедничките набавки и да ја искористиме куповната моќ на целата економија на ЕУ за да добиеме сигурност во снабдувањето за следната зима, која може да биде уште покритична од оваа - рече Сикела по состанокот на министрите на ЕУ во Прага.
(Танјуг)
