Министрите на ЕУ бараат независно истражување на случајот „прислушување“
Советот на Европската унија на денешниот состанок побара шест заклучоци поврзани со Македонија и истите ќе бидат усвоени во четврток .
Почитување на договорот од 2 јуни и спроведување на реформите за ставање крај на кризата во земјата, реформи по однос на прекршувањата на фундаменталните права, по однос на независноста на судството, слободата на медиумите, изборите, корупција, партизацијата на државните институции, замаглувањата во поделбата држава-партија, како и неуспесите на надзорните комисии и тела се дел од заклучоците кои ги бараат министрите на ЕУ.
Потврдувајќи ги своите заклучоци во однос на Република Македонија што Советот ги усвои во декември 2014 година, како и во април 2015 година, во првиот заклучок за Македонија се нагласува посветеноста на ЕУ во рамки на Солунската агенда и кандидатскиот статус на Република Македонија, како и дека Советот ја повторува својата голема загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза. Притоа, Советот ги забележува позитивно напорите на локалните партиски лидери во последните средби да бараат и да достигнат решение и во овој контекст го поздрави олеснувањето на комесарот Хан, како и на членовите на Европскиот парламент.
„Неопходно е што побрзо да се обезбеди темелна истрага за објавените материјали, како и за било каков кривичен престап, а при тоа да се почитува независноста на судството и презумпцијата на невиност“, стои во извештајот , нагласувајќи ја потребата од изборни реформи во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР а кои, заедно со почетните систематски реформи, ќе придонесат да се одржи атмосфера на еднаков натпревар во пресрет на предвремените избори.
