Министрите на ДУИ ги доставија оставките до премиерот Димитриев
Министрите од ДУИ ги доставија оставките до премиерот Емил Димитриев.
Во понеделник најверојатно нивните оставки ќе бидат констатирани, а дали истите ќе добијат заменици засега не се знае. Од ДУИ не прецизираат што понатаму и во какви односно се со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ.
„ДУИ одлучи да ги повлече своите членови од извршната власт, затоа што нема да го толерира уништувањето на процесот, загрозувањето на суверенитетот, инсталирањето на сцена на полтроните на подземјето“- соопштуваат од партијата за повлекувањето на министрите од Владата.
Најновите случувања со оставките на министрите на ДУИ ги коментираа дел од помалите партии. НСДП потегот го смета за договорено сценарио со ВМРО-ДПМНЕ за бетонирање на изборите на 5 јуни . Од Демократскиот сојуз сметаат дека би било добро оставките да се во насока на формирање политичко-експертска влада.
