Министри од регионот во Будимпешта ќе разговараат за „Турски тек“
Министрите од надворешните работи на Македонија, Србија, Унгарија, Грција и турскиот министер за ЕУ денес во Будимпешта ќе разговараат за можното учество во проектот гасовод на „Турски тек“ преку кој рускиот гас ќе стигнува до Средна и Југоисточна Европа.
Како што е најаведно од Министерствата на земјите од регионот, главна тема на состанокот ќе биде снабдувањето со енергија и енергетска безбеднсот во регионот.
Разговорите за проектот „Турски ток“ почнаа после откажувањето на Русија од гасоводот „Јужен тек“.
Нафтоводот „Турски тек“ би требало да биде положен по дното на Црното море до Турција, а оттаму, по копно би продолжил до турско-грчката граница, откаде би можел да продолжи преку Македонија и Србија, кон другите земји во Европа.
