Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за земјоделство во одбрана на акцијата – „Ден на дрвото“ е успешен проект!

Министерството за земјоделство во одбрана на акцијата – „Ден на дрвото“ е успешен проект!
Акцијата „Ден на дрвото“ е успешна, тврди ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во писмената реакција на денешната пресконференција на опозицискиот СДСМ. „Процентот на прифатеност во изминатите акции е 61%, а само ланската е скоро 90%, поради што граѓанската акцијата „ Ден на дрвото“ се одвива само во есенскиот период. Со секоја нова акција не само што се пошумуваат нови површини туку се пополнуваат и заменуваат неприфатените садници на постојните површини. Во денешната акција опфатени се околу 1100 хектари нови површини, а од 500 до 600 хектари ќе се попoлнуваат“, нагласуваат од ресорното министерство. Опозицијата денеска реагираше дека е поразителен факт што и по седум години од спроведување на оваа акција во која се одлеваат милиони евра, шумскиот фонд во земјава се намалува, наместо да се зголемува. Наспроти ова, Министерството за земјоделство истакнува дека пошумените површини до возраст од 20 години се водат како шумски култури со преземање на огледно заштитни мерки, а дури по 20 години статистиката ги води како шуми. „Обврската за пошумување е согласно планот за стопанисување со шуми врз основа на кои стопанисува ЈП„ Македнски шуми“, што значи дека тоа се содржи во нивните плански документи поради што од буџетот не се трошат дополнителни средства за граѓанската акција. Да повториме за оваа акција од буџетот не е одвоен ниту еден дополнителен денар. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство смета дека е класична манипулација тврдењето дека се потрошени 4 милиони евра за оваа акција“, стои во реакцијата. Со поддршка на акцијата за пошумување се огласи и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, Македонија е една од ретките земји во регионот, па и пошироко, која континуирано работи на обнова и зголемување на својот шумски фонд. „СДСМ освен груби манипулации и лажно душегрижништво за екологијата, сите овие години ништо друго нема направено. Секогаш знаеле да прават театар за 4-5 стари отсечени дрва, а кога требало да се направи нешто конкретно, тогаш ги немало. Дури пред неколку години и официјално ја бојкотираа акцијата Ден на дрво кога беа засадени милиони нови дрва низ целата држава“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.  
Слично

Поврзани вести