Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за образование ќе проверува – каде завршуваат парите за греење на училиштата?

Министерството за образование ќе проверува – каде завршуваат парите за греење на училиштата?
Министерството за образование ќе проверува зошто одредени училишта во Струга и Кичево немаат греење од стартот на грејната сезона, што предизвика бојкот на наставата. Според заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, ќе се контролира како се трошат парите за греење во училиштата и кој дозволил учениците да смрзнуваат. „Министерството за образование секоја година доставува редовни блок дотации до општините од кои треба да се финансира греењето. Како и до сите општини така и до овие две општини Министерството редовно си ги сервисира своите обврски и ги исплаќа дотациите. Менаџирањето на тие средства потоа е во надлежност на локалната самоуправа“, вели Ристовски. Основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга денеска доби околу 10 тона нафта, со што се создадоа услови за наставата да продолжи. Учениците од ова училиште од вчера ја бојкотираа наставата, бидејќи немаа греење во училниците. Проблем со греењето од почетокот на грејната сезона се појави и во Кичево, каде што исто така учениците ја бојкотираат наставата. Таму градоначалникот призна дека пари за нафта нема и побара помош од државата за да обезбеди греење во училиштата. Нафта стигна во Струга, учениците се враќаат на настава  
Слично

Поврзани вести