Министерството за образование го повикува СОНК на средба на ден пред штрајкот
Министерството за образование и наука го повикува Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на средба со која ќе продолжи социјалниот дијалог во образованието и ќе се разгледаат синдикалните барања.
Средбата, според најавите, треба да се одржи утр во 11 часот во просториите на Министерството, на ден пред закажаниот штрајк во образованието.
Во врска со барањата на просветарите, пред средбата Министерството информира дека зголемувањето на платите на вработените во областа на образованието е дефинирано во Програмата за работа на Владата, при што за оваа календарска година предвидено е зголемување за 4%, додека во следните години зголемувањето ќе зависи од буџетските можности.
Ресорното министерство прифаќа дебата и за унапредување на системот на екстерното тестирање, но „единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето“.
Од СОНК повеќепати се пожалија дека Министерството нема слух за нивните барања и дека на писмата со повик за средба со синдикалните претставници воопшто не одговара.
Слично
