Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за култура откупува скулптури за 4 милиони денари

Министерството за култура откупува скулптури за 4 милиони денари
Министерството за култура на конкурс ќе откупува скулптури од галериски формат од македонски автори кои се врвни во своето творештво или млади творци со особен уметнички израз. За првпат ваков конкурс ќе биде објавен во ноември годинава и ќе трае до крајот на јануари 2015. Ќе се распишува секоја година во исто време и за него Министерството годишно ќе одвојува по 4 милиони денари. Пријавените трудови ќе ги оценува и селектира стручна комисија. Проектот е дел од Националната стратегија за култура 2013-2017 и има цел да го стимулира овој вид уметничко творештво и да го унапреди статусот на скулпторите, вели министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска. „Овој проект перманентно ќе ги збогати музејските поставки на нашите институции со скулптури од галериски формат и ќе ги поттикне македонските уметници да создаваат дела кои квалитетно ќе го градат историскиот континуитет на современото национално македонско творештво“, вели таа.  
Слично

Поврзани вести