Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за култура одвои 1.300 евра за новиот албум на Тамара

Министерството за култура одвои 1.300 евра за новиот албум на Тамара

Толкава сума мене може да ми покрие една песна без видеозапис. Сепак ми е мило што овојпат акцентот е ставен на алтернативната музичка сцена, ни изјави популарната пејачка

Министерството за култура ѝ одобри 80.000 денари на Тамара Тодевска за нејзиниот трет студиски албум кој треба да го промовира годинава. Таа е единствениот изведувач од домашната поп-сцена кој доби финансиска поддршка од државата за снимање на нов материјал. Тодевска се радува што Министерството одлучило токму нејзе да ѝ додели средства во рамките на годишната програма за финансирање на проекти од областа на музичката дејност, но нагласува дека тоа не се пари со кои би можела да ги покрие трошоците за албум.

- Толкава сума мене може да ми покрие една песна без видеозапис. Сепак ми е мило што овојпат акцентот е ставен на алтернативната музичка сцена, на една поинаква уметност. Таа сцена не е турбо-фолк и сама по себе не прави пари – објаснува популарната пејачка.

Идентична сума за истата намена Министерството за култура одобри и за неколку артисти и бендови од алтернативната сцена, меѓу кои се скопскиот панк-рок состав „Новиот почеток“, бендот Filch за продуцирање и издавање на нивниот втор мултимедијален албум и Давид Ангелевски (Пиколомини) за снимање и за издавање на музичкиот соло-проект Tribute to Dead Gentleman.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести