Министерството за култура „обоено“, протестот се сели пред Влада
Откако фрлаа бои врз фасадата на Министерството за култура, демонстрантите продолжија со протестот пред Владата.
Демонстрантите постојано скандираат „No pasaran”. На разглас беше кажано дека протестите нема да запрат без разлика дали ќе има преговори меѓу политичките партии или не.
Во Скопје се протестира шести ден по ред. Вечерва протести има во Штип, Куманово, Битола и Струмица. Граѓаните во внатрешноста порачаа дека сакаат слободни избори и криминалци зад решетки.
Во текот на вечерашниве протести засега нема инциденти.
Слично
