Министерството за култура дава пари за проекти од национален интерес
Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проекти од национален интерес за 2015 година. Конкурсите за поединечните дејности од културата за првпат се објавени на 1 септември, наместо во јуни како досега.
Новини има и во постапката за аплицирање, па за да им се даде време на заинтерсираните конкурсите овојпат ќе траат 45, наместо досегашните 30 дена.
„Како и досега, и во иднина овие конкурси ќе бидат отворени за секој кој аплицира со проект од национален интерес во областа на културата и се однесуваат на локалните установи, граѓански здруженија, невладини организации и други правни и физички лица“, вели министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, појаснувајќи дека секој што е заинтересиран проектот да му биде финансиски поддржан од денеска може да ги подигне апликациите, електронски да ги пополни и да ги приложи во архивата на Министерството заедно со потребната документација наведена во конкурсите.
Со посебни решенија Министерството ќе ги известува сите корисници за резултатите од конкурсите, а за одбиените проекти ќе бидат јасно посочени причините. Неприфатените ќе може да поднесат жалба до второстепена државна комисија.
Слично
