Министерството за финансии во насока на транспарентност, изработи граѓанскиот буџет за 2017 година
За да државниот буџет биде подостапен и
транспарентен за граѓаните, тимот од Министерството за финансии изработи
Граѓански буџет, во кој на начин близок до широката јавност, се
претставени клучните информации од Буџетот на државата, велат од ресорното министерство.
Граѓанскиот
буџет не е замена за деталниот буџет на државата, туку претставува
приказ преку кој секој граѓанин во рок од пет минути може да ги дознае
плановите за управување со јавните финансии.
„Граѓанскиот буџет е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. Ние сметаме дека целосниот увид на јавноста во тоа како се трошат парите на граѓаните е важен чекор напред во спречување на злоупотребите од страна на носителите на власта. Истовремено, нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирање на владините програми и политики“ – вели во предговорот министерот за финансии Драган Тевдовски.
Следниот Граѓански буџет ќе се објави со предлог Буџетот за 2018 година и изработката на овој документ ќе стане пракса и во иднина.
Буџетот го финансираат граѓаните и фирмите и тие се негови директни и индиректни корисници. Буџетот е од граѓаните – за граѓаните, затоа секој треба да има пристап и увид во него.
Граѓанскиот буџет можете да го преземете на следниот линк.
