Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за финансии на Грција треба да плати глоба од 150.000 евра

Министерството за финансии на Грција треба да плати глоба од 150.000 евра

На Министерството за финансии во Грција, комисијата за заштита на личните податоци му наложи глоба од 150.000 евра поради издавање на информации за даночните обврзници, јавува телевизијата „Мега“.

Глобата е највисоката сума предвидена со законот.

Според комисијата, министерството не ги презело неопходните мерки за заштита на своите податоци за милиони даночни обврзници, се вели во изјавата на комисијата.

На државната администрација и’ се дадени два месеци за да ги подобри мерките за заштита на податоците.

Слично

Поврзани вести