Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за финансии ќе ги рециклира старите компјутери, лаптопи, принтери

Министерството за финансии ќе ги рециклира старите компјутери, лаптопи, принтери

Компјутери, монитори, лаптопи, принтери фотокопири - долга листа на електронска опрема која до сега ја поседува Министерството за финансии а која е дотраена планирано е да биде рециклирана. Ресорот со кој раководи Нина Ангеловска објави  јавен повик за избор на фирма која врши дејност или поседува дозвола за собирање и транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари која ќе ја собере сета електронска, електрична и информатичка опрема од Министерството и ќе ја рециклира.

Ќе се предаваат апарати за кои било оценето дека немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на Министерството за финансии.

„Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари - електронска, електрична и информатичка опрема предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи, стои во објавата.

Дел од апаратоте кои се наведени во листата се од деведестите но има и такви кои с епонови. Но не се даваат детали дали сета оваа оперма сепакќе биде рециклирана. Не се зане ниту колку пари ќе потроши МИнистерството за оваа операција. 

Важно е што со рециклирањето се намалува потенцијалата опасност за загадување на животната средина. Досега немаше многу вакви огласи од државни институции.

А.Т.

Слично

Поврзани вести