Министерството за финансии издаде државни хартии од вредност во износ од 71,58 милиони евра
Министерството за финансии на аукцијата одржана денеска издаде државни хартии од вредност во износ од 4.402,36 милиони денари (71,58 милиони евра).
„Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 3.017,69 милиони денари со камата од 1,85%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 317,00 милиони денари со камата од 2,10%, 3-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 537,00 милиони денари со камата од 2,35% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 530,67 милиони денари со камата од 3,80%“ - велат од Министерството за финансии.
На 1 ноември 2017 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 4.113,44 милиони денари (66,88 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.
Разликата од 288,92 милион денари (4,69 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија.
