Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за финансии целосно исплати еврообврзница од 2020 од 700 милиони евра

Министерството за финансии целосно исплати еврообврзница од 2020 од 700 милиони евра

Министерството за финансии објави дека денес во целост е реализирана исплатата на Еврообврзницата издадена во 2020 година, во вкупен износ од 700 милиони евра.

Со денешната исплата од 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра главница и 11,6 милиони евра камата) беше заокружен процесот на отплата на оваа обврзница. Претходно, во февруари годинава, беше извршена предвремена отплата на првиот дел во износ од 383,7 милиони евра.

„Ова претставува уште една потврда за одговорното управување со јавните финансии и посветеноста на Владата и Министерството за финансии кон навремено и редовно сервисирање на сите финансиски обврски на државата“, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.


Слично

Поврзани вести