Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за финансии ангажира нов кадар за „Мини фини буџетчиња“, ќе има и медицинска сестра

Министерството за финансии ангажира нов кадар за „Мини фини буџетчиња“, ќе има и медицинска сестра


Министерството за финансии во огласот за нови вработувања ќе ангажира и виша медицинска сестра, дефектолог и педагог за потребите на „Мини фини буџетчиња“, објави Сител.

Детската градинка е отворена во рамки на новата зграда на Министерството за финансии во 2015-та од страна на тогашниот вицепремиер Зоран Ставрески и има капацитет за згрижување на 40 деца на вработените во овој ресор.

„Конкретното работно место е предвидено за детската градинка во рамки на министерството. Градинката е формирана согласно „Законот за заштита на децата“ , работните места се регулирани и во Законот и во „Правилникот за стандарди и нормативи за вршење на дејност на установите за деца“. Во истиот е наведена потребата од ангажирање на медицинско лице, како стручен соработник во градинките. Во правилникот е наведено дека за градинките со мал капацитет овие соработници е предвидено да работат со половина работно време, односно 20 часа неделно, како што е предвидено во огласот.“се вели во одговорот на Министерството а финансии.


Слично

Поврзани вести