Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за енергетика набави дрон за следење на концесиите

Министерството за енергетика набави дрон за следење на концесиите

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини набави специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации.

- Новата технологија овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните паркови. На овој начин, Министерството ја зајакнува транспарентноста и одговорното користење на природните ресурси,објави министерството.

Новиот систем им овозможува на инспекторите да вршат увид без секогаш да бидат физички присутни на терен

„Со воведувањето на дигиталниот систем и дронот, ја унапредуваме и зајакнуваме инспекциската контрола. Создадовме можност за современ и ефикасен надзор, кој овозможува концесиите да се користат одговорно и согласно законот“, истакна министерката Сања Божиновска.

Вработените во Министерството кои ќе управуваат со дронот поминаа специјализирана обука за негово користење и за правилна интерпретација на податоците добиени од далечинското набљудување. 


Слично

Поврзани вести