Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за економија ја одзеде лиценцата на Беса Травел

Министерството за економија ја одзеде лиценцата на Беса Травел

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на Туристичката агенција „Беса Травел“ со решение на министерот Крешник Бектеши.

Преку оваа агенција се одвиваше превозот на 45-те патници кои изгореа во сообраќајната несреќа во Бугарија на враќање од Истанбул.
Вчера Државниот пазарен инспоекторат последен пат се обидел да направи надзор во канцеларијата, но истата и натаму била затворена, по што министерот се определил за ваков чекор.

„По барање на Министерството за економија Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса : с.Рашче, Општина Сарај -Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса ул. Стив Наумов бр.2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно истиот не работи.

Државниот пазарен инспекторат постапувајки по наше барање има доставено Известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека Правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор по што како министер за економија донесов Решение за одземање на Лиценцата“, објави министерот Бектеши.

Тој ги повикува сите граѓани кои ќе патуваат да проверат со кои туристички агенции патувааат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија.


Слично

Поврзани вести