Министерството реагира – прашањето за Перо и Мира во екстерните тестови не е нелогично!
Министерството за образование реагира на медиумското известување за екстерното тестирање, со тврдење дека дел од прашањата биле намерно презентирани како нелогични и несоодветни за учениците со цел да се дискредитира целиот процес.
„Последниот пример е прашањето - „Во клупата пред Перо седи Мира. Таа си врза панделка на плетенката. Перо мисли како да ја повлече Мира за плетенката. Учителката ја повика Мира да излезе на табла. Со кое прашање ќе дознаеме за намерата на Перо?“
Би сакале да потенцираме дека се работи за прашање наменето за учениците од 4то одделение во деветгодишно основно образование. Прашањето е изведено од текст во одобрен учебник по македонски јазик за 4то одделение и истото е во согласност со развојните карактеристики на учениците на оваа, во просек 9 односно 10 годишна возраст“, соопштува ресорното Министерство.
Од таму нагласуваат дека целта е да се препознаат основните синтаксички категории согласно наставната програма по македонски јазик за 4то одделение. „За жал, ниту еден од медиумите коишто го оспоруваат и критикуваат ова, но и други прашања од системот, не ја погледнал наставната програма и учебникот од којшто прашањето е изведено, со што јасна е намерата за вулгаризирање на прашањата и искривување на нивната суштина и значење“, се додава во соопштението.
ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ: Небулозни прашањa, збунети ученици, политички ловци во матно!
Слично
