МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ: Патот кон Сопиште готов за две недели!
Регионалниот пат „Христо Татарчев“, на потегот од населбата Кисела Вода до населбата Сопиште, за кој граѓаните се жалат дека со месеци е сериозна закана за безбедноста во сообраќајот, оти целосно е ископан заради изградба на фекална канализација за проектот Сончев град, треба да биде завршен за две недели, велат за Фактор од Министерството за транспорт и врски.
„Отпочнато е да се врши асфалтирање, таму каде постои можност веднаш се интервенира, а асфалтирањето се врши во два слоја. Улицата Христо Татарчев се очекува да биде целосно завршена за две недели“, велат од Министерството за транспорт и врски.
И додаваат дека според договорот, кракот за фекална канализација треба да биде готов во месец октомври 2015 година.
[caption id="attachment_172928" align="aligncenter" width="600"]
Дали вродиле со плод предупредувањата на Министерството за транспорт до фирмата изведувач на објектот?[/caption]
Сепак, за реакциите на граѓаните дека тие со месеци се оставени да возат по пат, каде едната лента е целосно прекопана, па морат да возат во другата лента, и со тоа се доведени во сериозна опасност бидејќи станува збор за непрегледен пат, полн со кривини, од Министерството за транспорт и врски велат дека тие и укажале да фирмата што работи на патот, да постави соодветна сигнализација.
[caption id="attachment_172927" align="aligncenter" width="601"]
Пред неколку денови на „Патот на ужасот“ се преврте и камион. Граѓаните велат дека е вистинска среќа што досега немало жртви или повредени!?[/caption]
„Одговорни лица од Министерството за транспорт и врски повеќепати направија контроли и при самите контроли укажано е на фирмата изведувач да се постават повеќе сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот. Дополнителните контроли покажуваат дека фирмата постапила по барањата на Министерството за транспорт и врски, велат од министерството.
При тоа додаваат дека во врска со начинот на одвивање на сообраќајот, фирмата изведувач веќе има дозвола за сообраќаен режим која е издадена од Град Скопје, врз претходно добиено одобрение од Министерството за внатрешни работи. Сообраќајот на самиот пат се одвива врз оснава на целокупната поставена сигнализација која треба да се почитува“, велат од Министерството за транспорт и врски..
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2015/08/31/galerija-vo-sopishte-se-vozi-po-patot-na-uzhasot/" ]ГАЛЕРИЈА: Кон Припор и Сопиште по „Патот на ужасот“![/button]
Од ресорното министерство посочуваат и дека редовно се вршела контрола на работата на фирмата која го добила проектот.
„Од страна на Министерството за транспорт и врски беше објавена јавна набавка зa избор на фирма надзор за конкретниот проект. Врз основа на таа јавна набавка, се склучи договор за вршење на надзор со фирмата ГЕИНГ од Скопје.. Фирмата надзор секојдневно се на терен и секојдневно вршат надзор над работите што се извршуваат“, објаснуваат од министерството за транспорт и врски за Фактор.
Сепак, граѓаните повторно потенцираат дека со тоа што се поставени сообраќајни знаци, нивниот проблем не е решен, бидејќи опасноста и натаму ги демне, а единственото што тие го бараа е да почне побрзо асфалтирање на делот што веќе е ископан, пред да се продолжи со ново копање на истиот потег.
Р.Ф.

Слично