Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерство за транспорт и врски: СДСМ нема познавање од гасификација и ја манипулира јавноста

Министерство за транспорт и врски: СДСМ нема познавање од  гасификација и ја манипулира јавноста

На обвинувањата на СДСМ дека власта ги лаже граѓаните со години дека ќе ја гасифицира Македонија, одговараат од Министерството за транспорт и врски.

Велат дека СДСМ очигледно воопшто нема познавање од темата гасификација па уште еднаш преку паушални соопштенија и невистини се обидува да ја излаже и манипулира јавноста.

„Гасификацијата во Република Македонија е веќе започната, но тоа само од СДСМ не го гледаат. Единствено што на СДСМ им пречи е фактот дека отпочна да се спроведува процесот на гасификација во Република Македонија. Физибилити студијата за Националниот гасоводен систем за која СДСМ од ракав изнесува бројки и цени е јавно достапен документ. Лажните тврдења за милионските цени за изработка на физибилити студијата е само доказ дека СДСМ се обидува да ја минира гасификацијата на државата а со тоа и да оневозможи граѓаните и сите економски субјекти да дојдат до поевтин енергенс. Владата на РМ преку Македонски Енергетски Ресурси - МЕР го започна најголемиот проект за гасификација на Република Македонија. Се изгради магистралата Клечовце –Штип, започна да се гради магистралата Штип-Неготино, а во најскоро време ќе започне и со изградба на магистралите Неготино-Битола и Скопје-Гостивар“ - реагираат од министерството.

Додаваат дека во наредниот период ќе се изградат и магистралните делници Гостивар –Кичево, делница Штип – Хамзали - Струмица – Гевгелија како и крак за ТЕЦ Неготино. Паралелно со изградба на овие делници кои се дел од националниот гасоводен систем, МЕР ќе подготви и проектна документација и за следните делници: Крак за Свети Николе - Велес во должина од 27 километри, Крак за Гевгелија во должина од 7 километри , Крак за Демир Капија во должина од 12 километри , Вршаково-Кочани-Разловци во должина од 66 километри, крак за ТЕЦ Осломеј во должина од 3 километри ,Крак за Пробиштип во должина од 13 километри , Кичево - Охрид - Струга во должина од 63 километри.
Слично

Поврзани вести