МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ БАРА КАНДИДАТИ ЗА 15-ТИНА ПОЗИЦИИ – платите надминуваат 30 илјади денари, еве ги деталите
Министерство за транспорт објави повеќе огласи со кои бара кандидати за пополнување 15 работни позиции. На веб страната на Агенцијата за администрација објавени се огласи со кои се бараат заинтересирани лица кои би работеле во оваа институција.
Условите за заинтересираните се горе доле слични, се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија.
Дополнително, потребни се: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, активно познавање на англиски, француски или германски јазик и положен правосуден испит.
Се бара идните работници во Министерството за транспорт да имаат високо образование, но за различни позиции има различни посебни услови.
Од огласите може да се види дека платите за овие различни позициите се движат од 30 илјади денари, па се до 36 илјади денари.
Најниски плати се нудат за две позиции, но би се вработиле пет лица. Имено станува збор за помлад соработник за организациски работи и помлад градежен инспектор, но потребни се четворица инспектори, и нивните плати ќе достигнуваа 30.174 денари.
Малку повисоки плати ќе има за позицијата помлад урбанистички инспектор од 31.638 денари, како и за позицијата помошник градежен инспектор за плата од 31.990 денари.
Министерството со овој оглас сака да пополни уште четири позиции, и тоа Советник градежен инспектор, кои би добивале плата од 36.383 денари. Се бараат кандидати и за Советник – инспектор за патен сообраќај за град Скопје за што се потребни две лица, и платата е во иста висина.
Се бараат заинтересирани и за Советник инспектор за патишта за Кавадарци и Неготино, а платата е иста како и за претходните. Последниот оглас е за истата позиција за град Скопје со иста плата.
Работното време за сите позиции е слично, осум часа во текот на денот од понеделник до петок. Огласите истекуваат во првите денови од следниот месец, а заинтересираните може да ги откриајт сите детали на веб страната на Агенцијата за администрација.
Во последниве месеци зачестија огласите на државните институции за вработување. Министерството за транспорт неодамна имаше оглас со кој се пополнуваат 10тина позиции, а се бараа кандидати и за Фискалниот Совет, Собранието, Министерството за финансии...
П.О.
