Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерство за култура: Пораст на туристи од Франција, Германија и Британија

Министерство за култура: Пораст на туристи од Франција, Германија и Британија

Забелеќително е зголемен бројот на туристи од Франција, Германија и Велика Британија во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период лани,  соопшти Министерството за култура и туризам кое ги анализирало најновите податоци за движењето на странските посетители на земјата.

- Забележан е пораст од 23,6 отсто кај странските туристи и раст од 18,7 отсто кај остварените ноќевања. Во првите пет месеци од 2025 година, туристичкиот промет во Македонија бележи значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година. Посебно се издвојува Германија со раст од 219 проценти во бројот на туристи и 146 проценти во ноќевања, што укажува на видно зголемен интерес на германските туристи за посета на нашата земја, објави министерството.

Франција бележи највисок пораст со 398 проценти повеќе туристи и 303 проценти повеќе ноќевања. Велика Британија забележува значително зголемување од 204 отсто во бројот на туристи и 139 отсто во ноќевањата. 

 -Македонија бележи растечки интерес кај странските посетители за културен туризам во месеците надвор од традиционалната сезона, што значително придонесува за анулирање на сезонскиот туризам, зголемување на вкупните туристички приходи и засилување на локалната економија. Овој тренд е од исклучително значење затоа што создава континуирана туристичка активност низ целата година, ги ангажира локалните заедници, занаетчии, водичи и угостители, и овозможува рамномерен економски развој и надвор од туристичките центри, наведува Министерството за култура и туризам. 


Слично

Поврзани вести