Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерство за Финансии: Со денешната аукција на државни записи не се задолжуваат граѓаните

Министерство за Финансии: Со денешната аукција на државни записи не се задолжуваат граѓаните

„Со денешната аукција на државни записи не се задолжуваат граѓаните со „нови” 100 милиони евра. Ова тврдење на опозициската партија СДСМ е неточно и очигледно со интенција за политичко поентирање“, реагираат од Министерството за финансии после денешната изјава на опозицискиот лидер Зоран Заев во која ги повика банките да не ги обезбедуваат овие средства незаконски.

„Потенцијална кривична одговорност има во одлуката на Државната изборна комисија да го поништи ветото на дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, против новото задложување од 100 милиони евра, изјави  Заев на вонредна прес-конференција.

Од Министерството за финансии во реакцијата до Заев велат дека претходно објасниле дека во декември треба да се раздолжи, односно да исплатат доспеани обврски во висина од 234 милиони евра од кои 84 милиони евра се по основ на стари аукции на државни записи кои сега треба да се отплатат, а 150 милиони за еврообврзницата издадена во 2005 година, а треба да се исплати на 8 декември.

„Да потсетиме и дека државните хартии од вредност се воведени уште од 2004 година и претставуваат фискални инструменти за извршување на буџетот кои се користат секаде во светот. Тие се издаваат редовно и континуирано и служат за порамнување на билансот на буџетот. Аукцијата на државни записи, која се одржува денеска е во рамки на буџетот за 2015 година, значи предвидена уште пред повеќе од една година кога се гласаше буџетот и кога воопшто не ни беа најавени изборите.

Значи не станува збор за дополнителна, непредвидена аукција, туку аукција предвидена и со буџетот и со календарот на аукции од многу порано“, регираат од министерството.

Понатаму во реакцијата стои : „Со реализација на аукцијата денеска се обезбедува потребната ликвидност за спроведување на буџетот, како што и беше планирано. Пензиите ќе се исплатат во планираниот рок, односно во петок, ќе се исплатат платите за војската, полицијата, здравствените и образовните работници, субвенциите, капиталните инвестиции...Со попречувањето на аукцијата, единствено нешто што можеше да се постигне е запирање токму на овие исплати“.

Оттаму ја повикаа СДСМ да не се меша во деловната политика на банките и стопанските субјекти.

Слично

Поврзани вести