Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерство за финансии: СДСМ манипулира околу денешното задолжување

Министерство за финансии: СДСМ манипулира околу денешното задолжување

Од Министерството за финансии во писмена рекација велат дека опозициската СДСМ манипулира околу денешното задолжување.

Реагираат и дека манипулацијата на опозициската партија одела „дотаму што презапишувањето на доспеаните хартии од вредност ги прикажува како ново задолжување“.

Тие го „охрабруваат“ СДСМ да се изјасни за што се земени кредити за долгот кој тие како владејачка партија го акумулирале.

„Во 2005 година долгот на државата изнесуваше 2 милијарди евра, односно половина од долгот на државата за кој СДСМ најавува дека ќе направи ревизија е наследен од нив. Манипулацијата на опозициската партија оди дотаму што презапишувањето на доспеаните хартии од вредност ги прикажува како ново задолжување“ –стои во реакцијата на Министерството за финансии.

Македонија преку кредит од Европската инвестициска банка во вредност од 350 милиони евра, во време на светската криза, кога капиталот беше тешко достапен, го поддржа приватниот сектор со пласирање на субвенционирани кредити на малите и средни претпријатија, се вели во реакцијата на Министерство за финансии.




Слично

Поврзани вести