Министерство за финансии: Половина од граѓаните имаат доход помал од 212 евра
Половина од граѓаните имаат доход помал од 212 евра месечно.
Најбогатите 1% во Македонија имале просечниот доход од околу 4.200 евра месечно.
Во земјава има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните по основ на доход и постои тенденција на нејзин раст. Ова го покажува анализата за доходовна нееднаквост што денеска првпат ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи.
Лани просечниот личен доход изнесувал 302 евра месечно,
„Педесет oтсто од луѓето во Македонија што остваруваат доход имаат доход што е под 212 евра месечно, 70 oтсто имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 oтсто имаат доход што е под 495 евра месечно, а од друга страна 2 oтсто од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден процент од луѓето имаат доход што е над 1.523 евра“ - вели Бранимир Јовановиќ, советник во кабинетот на министерот за финансии.
Тој посочи дека највисокиот доход што е остварен во 2016 година изнесувал 2,6 милиони евра, а 15 лица оствариле доход над еден милион евра. Доход над 500 илјади евра минатата година имале 66 лица, над 200 илјади лица доход оствариле 283 лица, а 775 лица имале доход повеќе од 100 илјади евра.
За високата доходовна нееднаквост укажува и податокот дека 775-те лица кои имале над 100 илјади евра доход заедно оствариле доход од 190 милиони евра што е еднакво на вкупниот остварен доход на 210 илјади лица кои имале најниски приходи.
