Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Наумов знае дека разликата помеѓу средствата што ќе се запишат и вратат ќе биде на депозитна страна

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Наумов знае  дека разликата помеѓу средствата што ќе се запишат и вратат ќе биде  на депозитна страна

Од Министерството за финансии се огласија по обвинувањата на Наумов.

Од Министерството за финансии  велат дека дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов е запознаен - а тоа и јавно го потврди на заедничкото гостување со министерот Кирил Миноски на телевизија,  дека разликата помеѓу средствата што ќе се запишат и вратат во стопанството ќе биде ставена на депозитна страна за следната година. 

„На тој начин, првите месеци во пост изборниот период се обезбедува простор за непречено финансирање на буџетските потреби и се обезбедува фискална сигурност. Дополнителниот заменик министер на гостувањето немаше забелешки по овој став. Државните записи се најсигурни хартии од вредност на пазарот на капитал и затоа интересот на инвеститорите за нив е голем. Сепак во насока на водење на прудентна политика во однос на домашното задолжување Министерството за финансии откажа дури 7 аукции предвидени со календарот“ - информираат од Министерството за финансии. 

Министерството за финансии утре во стопанството ќе врати 35,2 милиони евра по основ на доспеани државни хартии од вредност.

Претходно, Наумов реагираше за денешниот заем на Министерството за финансии.

Тој го обвини Миноски дека јавниот долг на денешната аукција на државни хартии од вредност е зголемен за нови 9 милиони евра.




Слично

Поврзани вести