Министерство за енергетика: Продуктоводот Скопје - Солун подготвен за работа
Министерството за енергетика објави дека по 13 години пауза – продуктоводот Солун – Скопје повторно е подготвен за работа.
Министерката Сања Божиновска присуствуваше на финалната техничка контрола со која официјално се потврди дека системот е целосно исправен, прецизен и подготвен за старт.
„Ова е враќање во функција на стратешка инфраструктура што директно значи сигурно снабдување, стабилност и инфраструктура што конечно повторно работи во интерес на државата.
По повеќе од 13 години мирување, се враќа во живот капацитетот што ги поврзува Солун и Скопје – 213,5 километри современ систем, значителни складишни капацитети и модерен SCADA систем за следење во реално време“, речеБожиновска.
Проверката беше спроведена од Бирото за метрологија, со учество на експерти од Чешкиот метролошки институт и лабораторијата „Метрон“ од Солун и во присуство на преставници од царинската служба, што гарантира највисоки меѓународни стандарди на точност и контрола.
Слично
