Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерствата за здравство на Македонија и Кина со засилена соработка

Министерствата за здравство на Македонија и Кина со засилена соработка
Македонското министерство за здраство денес беше домаќин на Ванг Пејан, заменик министер за здравство на НР Кина кој се сретна со својот колега Јовица Андовски и беше разговарано за зголемување на меѓусебната соработка и здравствена заштита. Кинеската делегација беше запознаена со работата на Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип и изрази поддршка за идните планови за развој на овој Центар, кој е основан во рамки на проектот на Владата со поддршка од Министерството за здравство за развој на оваа дејност во Република Македонија и се применуваат методи и техники како во НР Кина. Двете министерства ќе работат на развој на соработката и подобрување на здравствената заштита на мајките и децата, беше соопштено денеска.
Слично

Поврзани вести