Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИСТЕРСКИ СУД: Ќе си имаме големи маки со пензиите!

МИНИСТЕРСКИ СУД: Ќе си имаме големи маки со пензиите!
- Имаме запрепастувачка ситуација на еден пензионер во моментот работат и одговараат за него 1,7 вработени лица што е тешко одржливо за целокупниот пензиски систем во Република Македонија, а до пред 20 години за потребите на еден пензионер работеа четири до пет лица, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Семејствата треба да го сфатат ризикот од популациската слика со кој ќе се соочиме за 50-тина години кога нашите деца ќе живеат во ризик каде што ќе постои неодржлив економски и пензиски систем, истакна министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски. Тој најави дека Владата работи на нов пакет мерки и активности кои треба да помогнат во зголемување на наталитетот во Република Македонија, односно директна борба со мерки против стареењето на населението и демографската рецесија со која се соочуваме во последните 20 години.
Слично

Поврзани вести